Откако кај две воспитувачки и едно од децата во градинката „Весели цветови” е утврдено присуство на вирусот Ковид-19, 35 деца од Делчево кои посетуваат градинка, заминуваат во изолација.
Директорката на градинката Билјана Симовска информира дека освен дечињата по насока на епидемиолог во изолација одат и четири негувателки и една воспитувачка.
Една од негувателките кои одат во изолација е веќе тестирана и е негативна на вирусот, додека останатите три негувателки и една воспитувачка ќе се тестираат во вторник. Ова практично значи дека во изолација ќе бидат три воспитни групи со 35 дечиња од објектот бр.2 или централниот објект – информира Симовска.
Во текот на вчерашниот ден од страна на вработен е извршена дезинфекција во целиот објект, а во текот на денешниот ден ќе се изврши дезинфекција и од страна на Центарот за јавно здравје Кочани.
Директорката на ОЈУДГ „Весели Цветови“, додава дека во објектот бр.1 или таканаречена горна градинка, сè се одвива во најдобар ред и групите работат.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.