Матурантите да полагаат два екстерни испита, додека за двата интерни да се изведе средна оценка од четирите години или да се полагаат четири предмети од државната матура по скратени програми, се двете опции околу кои се очекува да биде постигнат компромис околу полагањето на државната матура. Ова беше најавено денеска на расправата за матурата во Клубот за младински прашања и политики во македонскиот парламент.
На расправата не е постигнат дефинитивен компромис па пратеникот Бојан Стојаноски нијави дека се разработуваат двата предлога.
Едниот предлог е матурантите да полагаат два екстерни испита, додека за двата интерни да се изведе средна оценка од четирите години. Клубот за младински прашања предложи и втора опција, а тоа е да се полагаат четири предмети од државната матура по скратени програми, рече Стојаноски.
За матурантите е поприфатлива првата опција, но тие ќе се изјаснат на седница на Сојузот на средношколците што ќе се одржи викендов. Еден од пресудните фактори да се прифати оваа варијанта е тоа што сепак во игра остануваат четирите предмети, што значи дека нема да има пречки за запишување на матурантите на домашните и на странските универзитети. И за двете опции не се потребни законски измени.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.