15 првачиња од ОУ „Гоце Делчев“ од скопски Центар, кои учеа со физичко присуство, од денеска одржуваат онлајн настава, откако две наставнички се заразиле со коронавирусот.
Информацијата ја потврдуваат дел од родителите на децата, кои засега не сакаат да зборуваат јавно. Тие се исплашени бидејќи освен што постои ризик децата да се заразат, биле и во контакт со членовите на своето семејство.
Оваа информација за ТВ 24 ја потврди градоначалникот на Центар, Саша Богдановиќ, кој тврди дека првачињата се во изолација.
Сепак некои родители тврдат дека тие се уште не знаат дали децата треба да бидат во изолција или не, затоа што никој не ги контактирал со насоки. Револтирани се и што за четири дена учење, на првачињата им се смениле четири наставнички.
На наставничките им се прави уште еден контролен тест, по што ќе има и повеќе информации.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.