Денешната статиска на Министерството за здравство покажува седум нови жртви на коронавирусот. Според податоците, две лица се помлади од 50 години – едно лице од Делчево, кое имало 43 години, како и 49-годишен тетовец кој бил позитивен на вирусот.

Починати се двајца пациенти од Скопје (68г, 81г) еден од Прилеп (73г), Струмица (76г) и Кочани (72г). Од пријавените смртни случаи сите се починати во болнички услови.

Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 102.482, бројката на оздравени пациенти е 91.066, на починати е 3.126, а бројот на активни случаи изнесува 8.290.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.