Поранешниот гувернер на Народна банка, Петар Гошев, во разговор за „Призма“, упати остри критики кон власта, која според него, морала да биде поподготвена за решавањето на спорот со името.

Таа тоа го знаеше или мораше да го знае однапред. Чекајќи 11 години во опозиција, мораше да стартува со подобра претходна подготовка, и програмска и кадровска. Две години, сепак, не се малку за граѓаните да видат дали бродот плови во правец кон правна и праведна држава, нулта толеранција на корупцијата, намалување на навредливата економска нееднаквост и кон сето она што им се ветува на избори, истакна Гошев.

А, наместо тоа, вели Гошев, власта им кажува на граѓаните дека го решавала името на државата и се инаетела со ДУИ околу некои политики.

Тоа е навреда, зашто луѓето знаат колку министерства, советници, агенции има и колку се зголемува бројот на вработени во администрацијата. Зошто ги плаќаме сите тие други, што по описот и пописот на работните задачи не се задолжени за името и презимето на државата?, вели Гошев.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.