Две девојки на 23 и 24-годишна возраст починаа во последните 24 часа по компликации од ковид-19. Во изминатото деноноќие, според најновиот извештај од Институтот за јавно здравје и Министерството за здравство починаа 17 пациенти на возраст од 23 до 90 години.
Дваесет и тригодишната девојка имала хронично заболување, велат од Министерството за САКАМДАКАЖАМ.МК. За 24-годишната девојка, оттаму ни рекоа дека била позитивна на ковид-19 и една недела се лекувала во домашни услови со антибиотик, по препорака на матичен лекар.
Поради проблеми со дишењето, 24-годишната пациентка се јавила во болница и е хоспитализирана во еден од Ковид-центрите од Интернистичкиот клинички блок. Поради влошување на состојбата, пациентката во многу тешка состојба е префрлена на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби, каде е продолжено со интензивно лекување. Пациентката не одговарала позитивно на терапијата и за цело време ѝ се влошувала состојбата, велат од Министерството за здравство за сдк.мк.
Досега во земјава по компликации од ковид-19 починаа 3.545 лица.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.