Во текот на летото во земјава се регистрирани три случаи на инфекција со западно-нилска треска. Првиот случај бил во јули кај 11-годишно дете од Струга, вториот во август кај 8-годишно дете од Струмица и третиот случај исто така во август кај 69-годишник од Скопје.

Во периодот јули-август 2021 во Епидемиолошкото одделение за заразни болести се дијагностицирани три изолирани случаи на западно нилска треска. Последниот случај со овој вирус бил регистриран во септември 2019. Истата година, во Македонија биле потврдени вкупно 6 случаи, сите од Скопје, истакнаа од ИЈЗ.

Пациентите биле третирани во болнички услови и имале воспаление на мозочната мембрана. Според епидемиологот Невзат Елези вели дека нема простор за паника бидејќи станува збор за сезонска болест која не се пренесува од едно лице на друго.

Кај нас помина само со воспаление на мозокот, со неколку симптоми на церебрални напади, или мозочни напади, со парализа и губење на свеста, кои се лекуваат малку подолго но симптомите се повлекуваат по одредено време и го дава симптомот на енцафалидис или симптом на воспаление на мозочната мембрана, посочи Невзат Елези.

Вели дека кај децата, нилската треска не е опасна, а само 1% од случаите може да завршат фатално.

80% од лицата заразени со оваа болест минуваат со многу лесни симптоми, со општи симптоми во форма на сезонски грип, со треска, температура или појава на флеки по кожата, а 20% од нив имаат воспаление на мозокот, додава Елези.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.