Термоцентралите на јаглен во Западен Балкан ги кршат законите за загадување на воздухот и предизвикуваат смртни случаи – за две години починале над 19.000 лица, пишува Дојче веле.
Загадувањето од електраните на јаглен и покрај сите укажувања, останува екстремно високо во регионот. Последиците се чувствуваат и во Македонија – двата оџаци на битолската електрана, Битола Б1+Б2 (60.422 тони) и Битола Б3 (24.091 тони), остануваат најголем извор на сулфур диоксид во земјата. Ова се количини што се деветпати над она што е дозволено да емитува електраната и се повисоки од вкупните емисии на сулфур диоксид од сите електрани во Германија. Ова го покажува најновиот извештај од CEE Bankwatch Network и Centre for Research on Energy and Clean Air (CREA), подготвен во соработка со Еко-свест.
Целиот текст овде.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.