Во моментов 12 лица се тестираат за присуство на коронавирус на Инфективната клиника во Скопје. Двајца се со знаци на грип. Биле во Италија, оттаму дошле здрави, пред шест-седум дена. Денеска пројавиле симптоми и веднаш дошле за тестирање, информираше Венко Филипче, министерот за здравство на редовната прес-конференција.
Филипче информираше дека се тестираат осумжина пациенти кои се Дебар. Сите биле соседи на тројцата пациенти кои имаат коронавирус и се наоѓаат на Инфективната клиника. Уште двајца се тестираат, еден е од Инфективното одделение од Штип. Тој има знаци на грип и е од Кочани. Се тестира уште еден пациент од Прилеп.
Нивните резултати ќе бидат готови наскоро и ќе информираме, изјави Филипче.
На клиника има седум пациенти, од кои шест имаат коронавирус и сите имаат стабилна, лесна клиничка слика. Никој нема потреба од мехничка вентилација. И вториот тест на седмата пациентка покажа дека таа веќе нема коронавирус и набрзо ќе биде пуштена дома, рече Филипче.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.