Носителите на листи, проф. Трајко Славески и д-р Игор Гила Николов, двајцата професори на Универзитетот Кирил и Методиј, а сега и носители на листи за советници, Славески носител на листа на кандидати за советници за Град Скопје, а Николов носител на листата на кандидати за советници на Општина Бутел,  денес беа на средба со здравствени работници и вработени во Клинички Центар Мајка Тереза.

Денеска со лекарската фела, вработени во здравството разговараа на тема „Создаваме нова иднина“, или како до Промени, проекти, победи. Ова е од особена важност поради нивната силна желба да се промени моменталната ситуација на безидејност, апатија, од една страна, а од друга страна средбата со вработените во Клинички центар и здравствените работници следи поради нивната вклученост во првите редови со корона пандемијата која дополнително го искомплицира секојдневието во државава, беше речено на средбата.

И општините и Советите можат многу да придонесат за јавното здравје иако немаат директна надлежност во здравството. Но, со осмислени активности, проекти може директно да им помагаат на граѓаните во општините.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.