Двајца вработени во Секретаријатот за европски прашања се позитивни на коронавирусот. Информацијата ја потврди и вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи кој рече дека тие лица се во изолација.

Сите контакти се тестирани и се негативни. Јас не сум бил во контакт со нив но секако се тестирав уште завчера и сум негативен. Веднаш почнавме процес на реорганизација, дезинфецирање на целата зграда по препораките. Ние сме свесни, како што имаше и Комисијата за заразни болести дека заболени сега ќе има секаде, но работата не смее да застане. Ќе се органзиираме согласно протоколите, рече Османи.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.