Регистрирани се двајца вработени во администрацијата позитивни на Ковид 19. Директорот на инспекторатот ја потврди информацијата за „Алфа“ и вели дека сега се чека епидемиолошката анкета за да се утврди колку од вработените ќе одат во самоизолација. Со новонастаната ситуација можно е да се одложи и надзорот за избор на ректор и избор на нови членови на Сенатот на УКИМ.

Се прави епидемолошка анкета за да видиме кои од инспекторите во Скопје биле во контакт со заразните вработени во администрацијата. Чекаме да видиме што ќе ни кажат епидемиолозите. . Ако се стават во изолација ќе се стопира па ќе се бара друго решение.Јас имам информација дека едена инспекторка ќе оди во домашна изолација, зошто била во контакт со зарзените, вели за „Алфа“ директорот Спировски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.