Согласно податоците од Институтот за јавно здравје во последните 24 часа во Македонија се направени 841 тестирања, а регистрирани се 135 нови случаи на Ковид-19. Пријавени се вкупно 35 починати лица.
Од 135 новозаразени, во Скопје се 81, Тетово – 15, Куманово – 13, Прилеп – 8, Кавадарци – 7, Македонски Брод – 3, Штип – 2, Битола, Кочани, Кичево, Гевгелија, Неготино и Берово – по 1.
Пријавени се вкупно 35 починати лица: 14 од Скопје (46г, 46г, 54г, 56г, 69г, 70г,77г, 79г, 79г, 81г, 87г, 87г, 87г, 89г), по три починати лица од Битола (72г, 74г и 84г) и Куманово (62г, 64г и 68г), по две лица од Прилеп (61г и 62г), Струмица (70г и 76г), Штип (58г, 72г) и Виница (68г и 70г), по едно лице од Велес (67г), Охрид (83г), Струга (75г), Гостивар (71г), Кочани (77г), Кичево (70г) и Неготино (69г). Од починатите пациенти, три лица се починати во домашни услови, а останатите 32 лица во болнички услови.
Направени се 841 тестови преку: ИЈЗ-114, ЦЈЗ Скопје-34, ЦЈЗ Битола-0, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-0, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија–0, ГОБ 8-ми Септември-0, Институт за микробиологија–0, МАНУ-70, Жан Митрев (Филип Втори)-97, Авицена-0, Биотек-128, Систина-174, лабораторија Лаор-0, Синлаб – 0, Ремедика-0, Плодност – 0, Генеа – 0, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 224.
Досега во земјата се направени вкупно 692.096 тестирања на Ковид-19.
Вкупната бројка на Ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 147.229, бројката на оздравени пациенти е 123.710, на починати е 4.478, а бројот на активни случаи изнесува 19.041.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.