Можно е одлагање на денешната седница за избор на претседател на Собранието, како и утрешната за избор на владата, дознава „Лидер“ од висок партиски извор во ДУИ.
Според тие информации, двајца пратеници на ДУИ биле против изборот на министри што го направи лидерот на партијата, Али Ахмети.
Седницата можно е да не се одржи денес, бидејќи во ДУИ има двајца пратеници кои се против предложените нивни министри и бараат дополнителни разговори со Ахмети. Информациите се дека незадоволството е од Османи и Артан Гриби. Интересно е што Груби добил поддршка и од Мијалков кој активно лобирал. Во СДСМ пратениците се под контрола, но некои 2 пратеници од коалицијата биле незадоволни за ветени а недобиени позиции – брифира за „Лидер“ извор од собранието.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.