Двајца пациенти починаа, а има 120 новозарзени од ковид-19 во последните 24 часа, објави министерот за здравство Венко Филипче на Фејсбук.

На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби почина 65 годишна пациентка, примена на 28 мај, во ГОБ „8 септември“ почина пациент на возраст од 69 години, хоспитализиран на 1 јуни.

Направени 953 тестирања, а регистрирани се 120 нови случаи на ковид-19.

– Скопје 67
– Куманово 19
– Штип 16
– Прилеп 4
– Тетово 9
– Велес 2
– Гостивар 1
– Неготино 1
– Струмица 1

Ова е рекорден број новозаболени од ковид-19 од постоењето од епидемијата кај нас. Досега најголем број новозаразени беше 107.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 16 оздравени пациенти.
– Скопје 8
– Штип 3
– Прилеп 2
– Тетово 1
– Велес 1
– Битола 1.

Досега во земјата се направени вкупно 33.114 тестирања на ковид -19. Од вкупниот број направени тестови во изминатото деноноќие 2 теста се во рамките на скринингот во градинки во Штип, нема позитивен резултат на ковид.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 2.611, бројката на оздравени пациенти е 1.621, на починати е 147, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 843.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.