Вкупната бројка на пациенти позитивни и сомнителни на корона вирусот кои се лекуваат на инфективните одделенија во болниците низ земјава е 123.

Двајца нови пациенти поради компликации од корона вирусот се хоспитализирани во ковид-центрите во Скопје во изминатите 24 часа. Вкупно 50 лица сомнителни и потврдени за Ковид-19 се лекуваат на инфективните одделенија во главниот град. Голем дел од пациентите се на кислородна поддршка.

Како што соопшти Министерството за здравство, во последното деноноќие, во Институтот за ТБЦ немало приеми. Во ковид центарот во ГОБ „8 Септември“ имало еден примен пациент и еден новозаболен е хоспитализиран на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во текот на вчерашниот ден. Во изминатите 24 часа дома се пуштени 3 оздравени пациенти.

Во ковид центарот на Институтот за ТБЦ се лекуваат 7 пациенти. Во ГОБ „8 Септември“ има вкупно 16 болни, а на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби лежат 27 пациенти.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 10 пациенти, позитивни и суспектни на Ковид-19. Во болницата во Штип се хоспитализирани 10 пациенти. На инфективното одделение во Тетово има 5 пациенти, во Велес се лекуваат 10 болни, а во Куманово 13 пациенти позитивни и суспектни на Ковид-19. Во ковид центарот во Охрид има хоспитализирано 7 пациенти, во Прилеп 4, во ковид центарот во Гостивар 3, а во Струга 5 болни. Во болницата во Струмица хоспитализирани се 4 пациенти, во Кичево 2 и во Кавадарци и во Гевгелија нема хоспитализирано лица позитивни и суспектни на корона вирусот.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.