Двајцата од седумте повредени пациенти од автобуската несреќа која се случи во Бугарија утре ќе бидат префрлени во Скопје.

Станува збор за најмладата преживеана патничка, 16-годишната девојка и уште еден полнолетен граѓанин, потврдиле за „ТВ21“ од Министерството за здравство.

Останатите петмина повредени пациенти заздравуваат по извршените зафати во Бугарија.

Во вторникот рано наутро на автопат во Бугарија се запали автобусот на „Беса транс“ во кој изгореа 45 македонски државјани, а седумина беа повредени.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.