По повеќе од четири месеци од изрекувањето на пресудите за т.н организатори за настаните од „27 април тие се уште ги немаат добиено написмено првостепените пресуди, дознава „Република“.

Неразбирливо е зошто на судијата Илија Трпков толку време му треба да ја напише пресудата и да им ја достави на обвинетите.Без пресудата нивните адвокати не не можат да се жалат на повисоките судови.

Според законските одредби, односно според членот 407 од ЗКП, став 1, децидно стои:

„Пресудата што е објавена мора писмено да се изготви во рок од 15 дена по објавувањето, а во сложени предмети по исклучок во рок од 60 дена, рокови кои НЕ МОЖАТ да бидат пречекорени“.

Дали можеби причината лежи во тоа што пресудата во голема мера се базираше на сведочењето на Александар Василевски.Популарниот Нинџа во текот на процесот неколкупати го смени својот исказ и беше фатен дека не ја говори вистината.

Исказ за настаните од „27 април“ даде и М.М кој е повеќекратно осудувано лице и познат рекетер.Тој беше еден од упсените во вчерашната акција на МВР во која луѓе од АНБ рекетирале бизнисмени.

M.М беше обвинет и аместиран во првиот предмет за т.н извршители на „27 април“ а во вториот за организаторите се појави како сведок на Вилма Русковска.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.