Министерот за надворешни работи Бујар Османи на вонредната прес конференција истакна дека се активираше работна група во врска со справувањето со последиците од оваа трагедија во координација со бугарските колеги.
– Во текот на денот овозможивме измена на ковид протоколите и блиските на загинатите и повредените да патуваат во Софија без проблем. Информирани се семејствата на сите загинати и повредени кои ги посетив денеска. Дадов насока да се пратат двајца искусни дипломати во Софија кои се веќе таму во нашата амбасада во Софија да понуди помош на граѓаните во прцесот на идентификацијата. Утре продолжуваме со координативните активности со нашите колеги од Софија. Како министерство отворивме линии за брзи информации за да се информираат роднините на загинатите, по што ќе следи координација со бугарските колеги на пренос на телата во Скопје. – рече Османи.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.