Пред три дена во вторник на 2.6.2020 беа изолирани двајца доктори, кои воедно се и брачни содружници, од КБ Аџибадем Систина а кои беа суспектни на вирусот Ковид-19. По направените ПЦР тестови, се потврди позитивен резултат кај двајцата доктори.

Според природата на работното место, едниот од нив немал никаков контакт со пациенти додека другиот имал минимален контакт со пациенти. Утврдени и контактирани се сите луѓе со кои овие лица биле во контакт и на истите веќе им е извршено тестирање и резултатите кај сите нив до сега се негативни. КБ Аџибадем Систина продолжува да работи со полн капацитет со преземање на сите максимални мерки за заштита на своите вработени и пациенти и по сите утврдени безбедносни протоколи кои се усогласени со одлуките и мерките за заштита кои ги презема и здравствениот гигант ,,Аџибадем’’ од Турција-информираат од болницата.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.