Неколку здравствени работници од Клиника за нефрологија се позитивни на корона вирус. Од нив има доктор кој е заразен, еден во изолација, две сестри позитивни на Ковид-19 и еден техничар.
Како што пишува „Вечер“, според информациите од самата Клиника не се знае како се заразиле, но очигледно Клиника за нефрологија е нов кластер на Ковид-19.
Здравствениот систем во Македонија брои заразени и во своите редови, со што се намалува капацитетот на медицинскиот персонал. Според податоците на македонскиот Институт за јавно здравје, околу 1.000 здравствени работници се заболени од Ковид-19 од почетокот на епидемијата од кои седум починале. А, над 800 здравствени работници се водат за оздравени.
Здравствените работници секојдневно апелираат за помош и опрема, бараат соодветна заштита од министерството за здравство. А, заразени се затоа што не се соодветно опремени. Сето тоа е поради недостаток на опрема спрема препораките за различните нивоа на ризик. Исто така недостасуваат информации и обука за соодветно користење на опремата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.