Делница Маврови Анови – Жировница, почнувајќи од утре 24 август од 10 до 16 часот ќе биде со изменет сообраќаен режим поради градежни активности, информира  АМСМ.

Како што информира АМСМ, патниот правец во период од 45 до 60 дена ќе биде со комплетно затворање на делницата при изведување на грaдежни активности – асфалтирање.

Автомото сојузот репорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде што има можност од појава на одрони.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.