Два и пол часа по затворањето на гласачките места на десеттите парламентарни избори во Македонија, сѐ уште нема официјални податоци за излезноста.
Од ДИК велат дека станува збор за технички проблем, на чие надминување работат ИТ експерти. Резултатите од гласањето пристигнуваат во ДИК, но засега не можат да се гледаат на нивната веб – стрaница.
Државната изборна комисија предмалку ги објави првичните резултати од парламентарните избори, по што набрзо потоа беа повлечени, а веб страницата стана недостапна.
Според единствените достапни официјални податоци од досега преброените гласови, коалицијата „Можеме“ предводена од СДСМ води со 34,88% од гласовите, додека пак ВМРО-ДПМНЕ заостанува со 34,08% од преброените гласови.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.