Поранешниот директор на Водовод и неодамнешен кандидат за градоначалник на Карпош, Душко Вескоски, како што дознава ТВ21 најверојатно ќе биде иден директор на Управата за јавни приходи. Според неофицијалните информации, пак, актуелната Сања Лукаревска ќе го наследи местото на Љупчо Николовски како вицепремиер за борба против корупција.
За владиниот кабинет, неговиот состав и кадровската понуда ќе се дискутира на следната седница на Центалниот одбор на СДСМ која ќе биде по новогодишните празници, така што заеднички сите ќе ги носиме тие многу битни од друга страна сензитивни одлуки за државата, рече Лукаревска вчера за ТВ21 коемнтирајќи ги овие најави.
Утре новиот лидер на СДСМ Димитар Ковачевски го добива мандатот од претседателот Стево Пендаровски, по што започнува да тече рокот од 20 дена за состав на нова Влада и програма која подоцна треба да се гласа во Собранието. Според најавите, Македонија нова Влада треба да добие до средината на јануари.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.