Членот на СДСМ од Битола Душан Илиевски – Душко Млекарот, го прозва белорускиот конзул Борче Марковски дека им потклекнал на притисоците на пратеникот Александар Кирацовски за а напише, како што вели, непрофесионално известување, во кое го обвинува пратеникот Антонио Милошоски за ширење лажни вести.
Борче Марковски, почесниот конзул на Белорусија, зошто се меша во внатрешните работи на Македонија?
Зошто Марковски потклекна на притисоците што му ги правеше Кирацовски за да напише непрофесионално извесување на своја рака?
Пратеникот Антонијо Милошоски само постави пратеничко прашање до премиерот Заев и ништо повеќе. Тоа е дозволено според Уставот и Деловникот на Собранието, коментира Млекарот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.