По барање на македонските правосудни органи Душко Илиевски, во јавноста познат како Душко Млекарот, е екстрадиран во Македонија. Илиевски е спроведен од Германија за издржување на две затворски казни од година ипол и една година, за учество во толпа и напад на службени лица во време на „Шарената револуција“.

Тој беше баран со меѓународна потерница, откако со семејството се пресели да живее во Германија, каде доби политички азил.

Илиевски е познат уште пред десетина години од протестите за „Сведмилк“, а последниот период објавуваше материјали за работењето на актуелната власт. Преку неколку медиуми Илиевски обвинуваше за притисоци врз него, особено од поранешниот пратеник на СДСМ Александар Кирацовски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.