Да потсетам на една мала пикантерија од сведочењето на “гратскиот татко” за случувањата од 27ми Април. На заминување од судница, на нас обвинетите за #тероризам ни порача “За многу години” откри Игор Дурловски.
Е па Петре и на твоја глава да си дочекаш.
Загреб платил 800.000€ а Скопје 1.700.000€ за противпожарно возило, пишува Дурловски на фејсбук.
Оваа порака на Игор Дурловски доаѓа по објавите на Мицкоски дека Шилегов набавил противпожарна скала од Унгарија, преку фирма чиј партнер е фирма на сопругот на секретаркта на Град Скопје, за цена од 1,7 милиони евра.
Шилегов возврати дека тој се грижел за безбедноста на граѓаните и дека тој не одел во Будимпшешта по инструкции како Мицкоски, туку по набавка која ја зголемувала безбедноста на граѓанатите.
Следеше нова објава на Мицкоски во која тој спореди дека истата таква скала набавил и градот Загреб, но за цена двојно пониска од таа по која е купена од Скопје, а заработката за фирмата блиска на секретарот на Град Скопје, според објавите, била 544 000 евра.
Да потсетам на една мала пикантерија од сведочењето на “гратскиот татко” за случувањата од 27ми Април. На заминување од…
Posted by Igor Durlovski on Monday, 3 May 2021
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.