Мислам дека го видов Дурловски дека им посочуваше на луѓето каде да одат – ова е сведочењето на контроверзниот градоначалник на Шуто Оризари, Курто Дудуш, против македонскиот оперски пејач Игор Дурловски, лани во септември. Неговата изјава во која нема ниту еден доказ освен глаголот „мислам“ е единствената основа на која обвинителката Рускоска одлучи да се жали за одлуката на скопкиот кривичен суд кој го ослободи Дурловски, објави тв Алфа.
Како што дознава телевизија „Алфа“ Рускоска во жалбата, исто така напишала оти не била фактичката состојба околу одлуката за ослободување на Дурловски, доволно јасна и проценета.
Зошто некому, односно на Рускоска и пречи слободата на светски познатиот пејач? Која е крајната цел што обвинителката сака да го врати Дурловски зад решетки? И зошто токму Дудуш е аргументот на Рускоска, човекот кој инаку се терети за неколку кривични дела, а и го игнорира судот непојавувајќи се на рочишта?
Решив да пробам да излезам од галеријата. При симнување по скалите го видов Игор Дурловски како стоеше надвор од прес салата и мислам дека тој им посочуваше на луѓето каде да одат. Мислам дека испрати луѓе и кај мене со зборовите: „И овој е еден од нив”. Тргнаа кон мене тројца повозрасни, среќа бев погоре на скалите, а кога дојдоа тие беа пониско и успеав да ги отргнам. Потоа ме евакуираше во една од канцеларијата каде чекавме околу два часа – рече Дудуш на 21 септември 2018 година.
Одбраната на Дурловски има испратено одговор на жалбата на Рускоска до Апелација. Според правилата, овој су би требало на јавна седница да расправа и да се произнесе. Кога, не снае. Оттаму само ни објаснија дека целокупниот предмет за 27 април е даден во вишото јавно обвинителство на оценка.
Дурловски беше обвинет за “Терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста”, што е едно од најтешките дела според македонскиот кривичен закон. Во ослободителната пресуда тогаш Кацарска образложи дека обвинителството не успеало да ја докаже вината на Дурловски и трошоците за неговото судење ќе паднат на товар на буџетот на државата.
За случајот 27 април судот изрече казна од вкупно 211 години затвор, од кои најблагата казна е 8 години за Никола Василевски Нинџа, а најголемата на Митко Чавков која е 18 години. Во осудените е и налачнкот Душко Лазаров кој и покрај гаранциите, заради грешка на судот се уште се наоѓа во Шутка.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.