Противникот СДСМ во моментов се соочува со граѓани на кои што пред три четири години им ветиле нешто, а многу работи од тоа да не речам ништо не е остварено. И мислам дека нив во предност ќе им биде ако седат и од дома да ја водат кампањата покрај компјутер. Но, верувам дека ќе може да се најде начин како да се стигне до граѓаните. Очекувам убедлива победа, но најважно од се е здравјето на граѓаните и како ќе се справиме со Ковид-19, вели Игор Дурловски во вечерашната емисија “Заспиј ако можеш” на Алфа телевизија.

Да не беше пандемијата, ќе се случеше дебакл за СДСМ на изборите, дециден е Дурловски.

-Но, пак ќе речам ако гледаме во моментов кој ќе искористи, ќе бидеме многу лицемерни и нема да покажеме ниту сериозност ниту стабилност во моменти во кои граѓаните односно македонскиот народ ги очекува од политичарите, вели Дурловски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.