Оперскиот пеач Игор Дурловски денеска доби решение дека Апелациониот суд во Скопје ја потврдува ослободителната пресуда за настаните на 27 април во Собранието. Дурловски е единствениот кој не побара амнестија, остана до крајот на судењето да ги брани своите ставови и доби ослободителна пресуда. Тој на ФБ напиша:

Конечна #Слобода ќе биде кога сите неправедно осудени ќе бидат надвор. Мојата ќе почнам да ја живеам од денес .Ти благодарам Господе, благодарам на моите најблиски и сите поддржувачи.Нека моето денес за неправедно осудените биде утре. Да живее Македонија!



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.