Игор Дурловски, носител на листата на кандидати за пратеници од ВМРО-ДПМНЕ во ИЕ 5 денес од Кичево на граѓаните им порача дека македонскиот народ и покрај бурните премрежја секогаш излегувал посилен.

„Македонскиот народ се спротивставува на неправдата, понекогаш со молк знае да победи, затоа сум убеден дека Кичево ќе се спротивстави на она што бевме сведоци во изминатите три години. Доста е од таа арoгaнација кон народот потценувајќи се што е македонско. Сега се решава историското прашање или си со Македонија или си против.  Мора да си ја земеме судбината во свои раце.  Од 15 јули ќе ја пишуваме историјата бидејќи историјата ја пишуваат победниците“, рече Дурловски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.