Битола синоќа потона од поројниот дожд. Нерешените комунални проблеми на локалната власт се излеаjа по улиците и ги покажаа на дело резултатите од владеење на СДСМ, напиша на неговиот фејсбук-профил, Игор Дурловски, носителот на листа во ИЕ 5 од ВМРО-ДПМНЕ.
Граѓаните на Битола имаат многу наталожени проблеми и реални потреби кои некој треба да ги реши. Битола не го заслужува ова! Битола заслужува посветено и со љубов да се гради и води!, напиша Дурловски.
Силен пороен дожд вчера вечер поплави улици на неколку локации, на повисоките зони и централното градско подрачје во Битола. Локалните медиуми објавија фотографии и видеоснимки од кои се гледа дека некои од улиците се претворени во реки, а има и поплавени возила.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.