За министерот за здравство Венко Филипче, дури и на најновата анкета на ТВ Телма и МЦМС, а спроведена од М-Проспект има негативно мислење. 54.6 од испитаниците одговориле дека немаат доверба во Филипче, 43.2 одговориле дека му веруваат, 1,8 рекле-не знам, а 0,4 одбиле да одговорат, покажуваат резултатите од анкетата.
Причината за ова секако е неспособноста на Филипче да се справи со корона кризата. Секојдневно се бројат жртви од коронавирусот во Македонија, а Филипче и Заев покажуваат колку се неуспешни во оваа борба.
Министерот за здравство Венко Филипче повеќе се залага за законот за легализација на канабис отколку за вакцини против КОВИД-19. Тој неодамна во телевизиска емисија говореше за легализација на канабис и наиде на критики кај македонската јавност. Додека сите земји во регионот започнаа со вакцинација на населението против КОВИД-19, а Македонија тапка во место, министерот за здравство Венко Филипче и премиерот Зоран Заев не знаат точно кога ќе пристигнат вакцините во државата.
Граѓаните стравуваат дека предоцна ќе ги добијат вакцините како што беше случајот со вакцините против обичен грип. Во ек на ковид криза, министерот за здравство, Венко Филипче се појавуваа по емисии и говори за легализација на канабис.
На прашањето: Дали сметате дека здравствените власти имаат капацитет за навремено и ефективно спроведување на вакцинација за ковид-19, 60.5 одговориле негативно, 34,7 одговориле потврдно, а само 4 проценти рекле-не знам.
Вакцината против КОВИД-19 која што ја нудеше Русија на министерот за здравство, Венко Филипче, а тој ја одби. Денес преку Ковакс системот истата вакцина му се понуди. Поради министерот за здравство Венко Филипче наместо побргу да ја добие Македонија вакцината што ја понуди Русија, сега граѓаните треба да чекаат подолг период за да истата вакцина ја добие преку Ковакс системот.
Граѓаните на социјалните мрежи очајно бараат од лекот „Клексан“, се спроведуваа инспекциски надзори во неколку Клинички болници откако таму починаа пациенти, лекарите специјализанти се уште со нерешени проблеми, заболените од корона молат за лек и болнички кревети…
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.