Мора да се трошат провизиите, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ по веста дека поранешниот генерален секретар Драги Рашковски заминал на одмор со семејството во Мексико, а вицепремиерот за броба против корупцијата Љупчо Николовски со сопругата и друг фунцикионер на СДСМ одмора во Дубаи.
Медиумите пренесуваат дека Рашковски е во Мексико, а Николовски во Дубаи, додека луѓе умираат од корона и глад.
Граѓани додека умираат поради неспособноста на власта, во Владата нема кој да работи.
Нема одговор од владата за типот на патувањата и дали тоа е точно.
Криминалот цвета, мафијата хара низ улиците, а не се знае дали Рашковски ужива во Мексико, а Љупчо Николовски ужива со народни пари во Дубаи, реагираат од партијата.
Од ВМРО-ДПМНЕ додаваат дека неспособноста на оваа Влада да набави вакцини резултира со починати граѓани, резултира со тоа Македонија да е на дното на светската листа по вакцинирани лица.
Според податоците на „Блумберг“, Македонија е на 118-то место од 122 држави, но за тоа време владините функционери си шетаат низ светот.
Фирми додека се затвораат, а граѓани остануваат на улица, владини функционери се луксузираат по егзотични патувања.
Додека над 50.000 граѓани останаа без работа, над 500.000 граѓани преживуваат со едвај 130 денари на ден, Заев не знае кај му се функционерите по светот.
Неспособни се да водат држава, но способни се да трошат народни пари по Мексико и Дубаи.
Одговорност за ваквото однесување мора да има!, порачуваат од ВМРО-ДПМНЕ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.