Утре стигаат вакцините, но нема сајт за пријавување…Барем не функционален. Граѓаните коментираат, негодуваат, па дури и се шегувааат… Секој на свој начин го искажува револтот од нефункционалниста на власта во услови на пандемија:
Дур чекав за кодот:
– Научив дека јарецот е најупорен хороскопски знак;
– Го претапацирав троседот во дневната;
– Испив 5 чаши вода, пиши таму Николовски во статистика;
– Ја прочитав „Војна и мир”, еднаш со скокање, еднаш со подвлеквање;
– Гледав документарец за „Прекинатиот сексуален живот на комарците по текот на Дунав поради Втората светска војна”. Трите дела;
– Магистрирав на фон, кој сака нека честита;
– Пуштив гулаб до Министерството за здравство да ми го пуштат кодот по него, гулабот се врати со жена му и ќерка му, син му со малите заминале Германија;
– Со метрото бев до аеродромот во Битола, и то го изградија во меѓувреме;
– Влегов во старосна група над 65 години за вакцинација.
Сајтот ми рече „наскоро…”
Дур чекав за кодот:
– Научив дека јарецот е најупорен хороскопски знак
– Го претапацирав троседот во дневната
– Испив 5…Posted by Божидар Божиновски on Wednesday, 10 February 2021
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.