Бојан Јовановски попладнево на носилка беше изнесен и со возило на брза помош и полициска придружба замина од Обвинителството за гонење организран криминал и корупци, каде требаше да го даде својот исказ за случајот „Рекет“ пред обвинителката Вилма Рускоска.
Неговиот адвокат Сашо Дуковски за новинарите објасни дека Јовановски не стигнал да даде исказ поради тоа што веднаш почнал да повраќа и колабирал.
Непријатна сцена се случи, она што се случува последните 40-50 дена откако е приведен. Почна да повраќа и колабираше, и не беше контактибилен. Сега е донесена Брза помош и однесен во Клиничка болница. Има мислење од Клиниката за торакална дека е неопходна хоспитализација и нега за целата здравствена состојба, вели Дуковски.
Дуковски вели дека ни тој ни Обвинителството не се лекари, но она што го виделе воопшто не било пријатно.
Секој човек заслужува, и тоа е уставно загарантирано, право на живот. Јас сметам дека на секој мора да му се даде адекватна медицинска нега, независно дали и што сторил. Кривична постапка е една работа, а правото на живот и здравје е друга. Неслучајно е сега однесен итно во болница, и не случајно досега 20 пати бил на субспецијалистички преглед. Не успеа даде исказ. Јас кога дојдов веќе повраќаше масовно во тоалетот, беше грда сцена, потоа изгуби свест не беше контактибилен ниту со мене ниту со лекарите, рече Дуковски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.