Aдвокатот Сашо Дукоски реагира на интервјуто на Обвинителката Вилма Рускоска во емисијата „Само Интервју“ на Канал 5. Тој вели дека во емисијата биле изнесени ноторно неточни наводи во врска со случаите „Меѓународен сојуз“ и „Рекет“ и оти лично бил споменат од обвинителката .
Дукоски се осврнува на три работи кои Рускоска ги спомена во интервјуто а тоа е вештачењето на телефонот на Бојан Јовановски, поистоветување на вештачење со писмено известување, и здравствена состојба на Боки.
1.Вештачење на телефонот:
-Во емисијата беше наведено дека јас,адвокат Сашко Дукоски,како бранител на обвинетиот Бојан Јовановски ,наводно сум се согласил телефонот на обвинетиот Бојан Јовановски да не се вештачи!!??Тоа го изјави јавната обвинителка.Понатаму наведе некаква случка која никогаш не се случила, дека нејзиниот форензичар по име Белкија,во просториите на ОЈО за организиран крининал ме прашал кои алатки ги користел мојот технички советник од IT струка,па кога јас наводно сум му ги кажал кои алатки ги користи тој,форензичарот ми рекол дека и тие ги користат истите на што јас сум рекол“да не правиме“ трошоци и сум се согласил телефонот да не се вештачи??????? Ноторна невистина!Не знам само да ли јавниот обвинител е погрешно информиран за ова (што е полесна опција) или смислено го кажува ова(што би било загрижувачки).
Како тоа,мене,правник,форензичар од електро струка ,ќе ме прашува за тоа кои алатки ги користи моето ангажирано вешто лице?????? И што јас како правник,повторно, би му одговорил на тоа или воопшто знам за тоа???Јас во електронски алатки за анализа на електронски и комуникациски уреди се разбирам колку во нуклеарна физика ,па како тоа ,јас ќе му кажувам на форензичарот на обвинителството кои и какви уреди користи моето вешто лице?????? Па,продолжува со невистините обвинителот ,откога ЈАС сум се убедил дека и обвинителството користи исти IT алатки,сум се согласил да не се вештачи телефонот!!!
Невистина.Вистината е следна.Одбраната на три пати бараше телефонот на обвинетиот Бојан Јовановски да се вештачи.За прв пат по завршување на истрагата кога во рок од 15 дена како одбрана побаравме дополнување на истрагата со писмен поднесок да се вештачи телефонот,на кое писмено барање бевме одбиени од страна на обвинителството со штуро образложение од 2 реда.Втор пат баравме во текот на судската постапка да Судот(бидејќи обвинителството одби) да му нареди на ЈО да го даде телефонот на вештачење на нашиот технички советник.Бевме одбиени од страна на судот.Трет пат баравме ,во дополнение на доказна постапка при крајот на главната расправа пред судот,телефонот да се вештачи .И,повторно бевме одбиени.Ова го пишувам дека ТРИ ПАТИ бевме одбиени да се вештачи телефонот,за што постои писмена документација .И ,тоа обвинителот многу добро го знае затоа што е потпишана на поднесокот за одбивање на барањето за вештачење и учествуваше во главната расправа па навистина не ми е јасно како може да го изјавува тоа што вчера го изјави дека јас сум се согласил телефонот да не се вештачи???????Секако ултра невистинито.
2.Поистоветување на вештачење со писмено известување:
Во цитираната емисија јавниот обвинител се обиде да стави знак на равенство помеѓу две нешта за кои тоа никако не може да се стори,согласно ЗКП,а имено,го изедначи обичниот лист хартија наречен “Писмен извештај“ со наредба за вештачење!!! ,што е недозволиво согласно ЗКП.
Имено ,во текот на истрагата беше наредено ВЕШТАЧЕЊЕ на телефонскиот апарат и другите електронски уреди од страна на обвинителството од страна на вешто лице од електронска струка.Тоа стои,сосема уредно во листата на докази доставена до судот со обвинителниот акт.Наредба за вршење на вештачење по член 236 од ЗКП.Такво нешто никогаш не е извршено во овој предмет.На таква наредба за вештачење се доставува некаков ,само на МВР познат “писмен извештај“ за телефонот кој е изготвен од лица кои не се вештаци ниту имаат лиценца ниту пак извршиле вештачење.За цело времетраење на постапката по предметот “Рекет“ обвинителството велеше дека има вештачење на телефонот ,за на крај ,како и во емисијата во петокот на 11.12.2020 год .да признае и да наведе дека имало некаков писмен извештај но тоа,според сваќањето на ЗКП на обвинителството, било некакво скратено вештачење!!!!!Се со цел да се оправда незаконското постапување на обвинителството во текот на целата постапка. Тука се поставува прашањето зошто јавниот обвинител со ниту еден збор не се произнесе дека форензичарот ангажиран од страна на обвинителството НЕ Е ВЕШТО ЛИЦЕ И НЕМА ЛИЦЕНЦА ЗА ВЕШТАЧЕЊЕ НИТУ Е ВПИШАН во регистарот на вешти лица???Кое нешто самиот истражител на обвинителството го кажа на рочиште за главна расправа на ден 24.05.2020 година кога беше присатна и обвинителката која во петокот даваше интервју??? Значи,според обвинителството,“писмен извештај“ е исто што и “писмено вештачење“ а особено“има“ некаква доказна вредност кога е изготвено од лице кое нема лиценца за вештачење и не е впишано во регистарот на вешти лица.Дури самиот истражител на обвинителството на тоа рочиште24.05.2020 самиот наведе дека тие воопшто не го вештачеле телефонот туку извадиле само три слики и истите ги анализирале!!!
Толку за “силните докази“ меѓу кои и ова “вештачење“ кои ги обезбедило обвинителството во овој предмет!!!!
3.Здравствена состојба на обвинетиот Бојан Јовановски:
Во цитираната емисија на недозволиво непрофесионален а особено неколегијален начин јавниот обвинтел наведе дака јас,бранител на обвинетиот и обвинетиот ,“сме ја залажувале“ јавноста за тешката здравствена состојба на обвинетиот Бојан Јовановски затоа што на крајот се испоставило дека станува збор за “прскање на обичен чир„…..
Ова е многу ниско !!!!
Пред се ,обвинетиот ,од денот на притворањето 15.07.2019 година до итната операција на ден 8.09.2020 година беше околу 60 пати на специјалистички прегледи и интервенции!Шеесет пати!Тие прегледи беа поради тоа што обвинетиот се наоѓал во извонредна здравствена состојба?????Зошто обвинителот не ја информира јавност дека кога обвинетиот итно беше однесен во болница и опериран на ден 8.09.2020 година ,од стомачната шуплина му беа извадени 2 литра гној и течност??? Зошто не ја информираше јавноста дека ако не се извршеше ИТНА операција,два часа по примањето во болница обвинетиот ќе добиеше сепса и сега ќе беше покоен???
За фактот дали има или не карцином,само ќе го потсетам јавниот обвинител дека на обвинетиот 5 пати му е земан материјал од желудникот за да се утврди дали има или не карцином.Лекарите кои го прегледувале обвинетиот а не јас, се посомневале во карцином во желудникот на Бојан Јовановски па затоа и го анализирале материјалот.Зошто на здрав човек не му се зема материјал од желудник за да се утврди дали има карцином или не?Јас давав изјави за карцином врз основа на суспект на лекар специјалист а не на „рекла-кажала„ особено не заради„залажување на јавноста“.
Понтаму,во емисијата во петокот ,обвинителот беше особено контрадикторен кога наведе ,прво, дека здравствената состојба му е добра,за да по 30 секунди во емисијата наведе дека“откога го видела медицинскиот извештај за обвинетиот Јовановски ,дала позитивно мислење за притворот во предметот Меѓународен сојуз“?????
Што е тука вистина,првото или второто?
Инаку,овој обвинител не дал никакво мислење за замената на притворот во домашен притвор во предметот „Рекет„ бидејќи притворот му беше заменет со решение на Апелациониот Суд во Скопје,ПО МИСЛЕЊЕ НА ВИШИОТ обвинител на не на обвинителот за гонење на организиран криминал!!!!
А за предметот „Меѓународен Сојуз“ за обвинетиот Бојан Јовановски ниту е побаран притвор нити јавниот обвинител дал некакво мислење.Можеби се збунил во искажувањата за овие два предмети,како и во врска со наведувањето за кое конкретно кривично дело обвинетиот се гони во предметот„Рекет„,?
Особено ,исто така кога наведе во емисијата дека имало слика за парите?????? Таа слика не беше дел од доказниот материјал во „Рекет„ туку беше презентирана во другиот предмет!!!! Ова се тие силни докази„кога не се знае, каде ,кој„доказ и кога е презентиран„???
И,на крај ,времето и одлуките на повисоките судови ќе покажат дали ние со жалбите како одбрана се обидуваме “да се фатиме за нешто„ или овој предмет претставува одличен пример за „Panis et circnem„ односно „Леб и игри„ за јавноста ,каде нема било каков доказ на кој може да се заснова издржана пресуда,туку независно од немање докази се обидува да се дојде до осудителна пресуда за обвинетиот Јовановски.
Еве ,јавно прашувам,зошто јавниот обвинител ,кој како самиот се пофали во емисијата обезбедил многу и цврсти докази,ноторно го прекрши законот за кривична постапка во предметот „Рекет„ кога пред да ја заврши истрагата не го сослуша во вид на земање изјава осомничениот Јовановски,на кое нешто е обврзана по закон туку без тоа подогна обвинение?????
Јас,за разлика од обвинителката ,никогаш не би си дозволил неа лично да ја етикетирам како таа тоа го чини во врска со мене ,туку секогаш сум постапувал професионално.Инаку ,ако би го следел начинот на изразување на јавниот обвинител,би можел многу,многу детали да објаснам пред се за квалитетот на обвинението,водењето на постапката во предметот „Рекет„ од страна на обвинителството,селективноста во постапувањето и слично.Но,тоа мене не ми го дозволува моето сваќање на професионалноста и ,пред се,домашното воспитување- нагласува Дукоски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.