Адвокатот Сашо Дукоски прашува зошто недостасуваат „Ватс ап“ пораките од телефонот на Бојан Јовановски.

Тој нагласува дека од судот им била доставена форензичка копија во вид на екстерен хард диск. Содржината од тој диск потоа била проверна од страна на вешто лице и во присуство на Дукоски и Јовановски.

Вештакот денеска се појави пред судот и потврди дека како стручно лице не можел во телефонот да ја пронајде комуникацијата преку оваа мрежа.

Дукоски објаснува дека голем број на податоци  од мобилниот телефон на Јовановски ги нема, или се изменети.

Половина од таа форензичка копија  не може да се отвори. Во телефонот на Боки недостасуваат целосно „Ватс ап“ пораките и со кого тој комуницирал. Но, има слики од „скрин шотови“. Но, фотографиите што ги има во телефонот не се подредени по датум и време туму се изместени-објанува Дукоски за „Република“.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.