двокатот на Бојан Јовановски, Сашо Дуковски, за емисијата „Што не е јасно“ на ТВ Алфа изјави дека се уште му е чудно зошто не е вештачен мобилниот телефон на Бојан Јовановски.

– Ако јас сум обвинител и имам чист предмет и имам чисти докази, зошто јас толку бескропомисно би се борел тој телефон во ниеден случај да не биде вештачен. Тоа е тотално неразбирливо. Со вештачењето ќе се утврдеше вистинската фактичка состојба, дека нема ни Р од рекет, ни П од пари и ниту В од вина – вели Дуковски.

Ништо не укажува на тоа дека Бојан Јовановски има било каква поврзаност со рекетот кој наводно го направил, вели адвокатот.

Судот дефинитивно донесе одлука која ќе мора во иднина да се преиспита поради тоа што ваквиот начин на носење одлуки не доликува на една таква сериозна институција – вели Дуковски.

Тој додаде дека судот донесува одлуки политички и дека целата процедура укажувала на тоа дека сите страни во случајот единствено сакаат да го затворат Бојан Јовановски, а да спасат поголеми ѕверки кои незаконски имале допир со тие пари.

За снимката од весникот „Ла Верита“ смета дека тоа е циркуз.

– Обичниот граѓанин гледа купче пари од по 50 евра, после тоа гледа женски раце и потоа гледате пари од по 500 евра. Експерти од Европската банка сметаат дека милион евра тежат 22 килограми. Затоа јас прашувам како може толку тешка торба да ја носат толку лесно и да ја префрлуваат преку рака. Не може да се толку пари во прашање – изјави адвокатот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.