Адвокатот на Бојан Јовановски, Сашо Дукоски побара од Обвинителството конкретно да каже каква гардероба е одземена при претресот во неговиот дом. Тој објасни дека во објаснувањето на Обвинителството само е наведено дека се одземени вреќи со гардероба, но не и за каква конкретно и од кои марки.

Обвинителката Вилма Русковска објасни дека кога ја одземале гардеробата тоа било невозможно да се направи.

Кога гардеробата се предаваше во агенција за одземенен имот наведено е за какви марки се работи-вели Русковска.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.