Сите заедно тежнееме кон што побрзо враќање во нормалност и да ја спасиме и зајакнеме нашата економија, но секое враќање во секојдневната рутина обврзувачки треба да се проследи со бескомпромисно почитување на мерките за заштита на граѓаните за да се спречи зголемувањето на бројката на заразени, е ставот на ДУИ по седницата на Централниот Изборен Штаб, свикана од Али Ахмети, а на која била разгледана актуелната ситуација во земјата, мерките за претпазливост и чекорите за економско оздравување.
Непочитувањето на мерките и безгрижноста може да создаде непредвидливи, долготрајни последици кои ќе му наштетат на целото општество. Затоа, Централниот Изборен Штаб на ДУИ, во согласност со новите околности и предвидувања за следните недели, ќе реализира интензивни консултации со институциите и експертите и своите проценки и одлуки ќе ги преземе во согласност со препораките на експертите кои не смеат да бидат под политичко влијание, туку треба да се однесуваат одговорно кон јавното здравје, велат од ДУИ.
ДУИ апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките за заштита, носењето на заштитните маски, физичката дистанца, да одбегнуваат секакво собири и да одржуваат лична хигиена на ниво.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.