Под мотото „Избери живот, гласај зелено“, ДУИ ја претстави предизборната програма и кандидатот за градоначалник на Боговиње, Бесник Емшиу.

Претседателот на ДУИ, Али Ахмети побара поддршка од жителите на Боговиње за Емшиу како и за советничката листа, нагласувајќи дека ДУИ има Изборна платформа која гарантира развој на општината и повеќе инвестиции.

Овде сме заедно да застанеме покрај Бесник во спроведувањето на програмата и многу сум сигурен дека ќе се вложат уште повеќе. Не можете да бидете земја-членка на ЕУ без инфраструктура, без канализација, без поврзување на сите населени места и со двојни стандарди. Агендата што сме ја претставиле, сме размислувале и дискутирале добро, бидејќи нашата агенда гарантира подобар и поквалитетен живот – изјави Ахмети.

Првиот вицепремиер Артан Груби изјави дека сите проекти што се реализираат во општина Боговиње носат печат на Али Ахмети и ДУИ.

Сите оние проекти што ги спомена Бесник кои се реализираат, носат печат на Али Ахмети и гаранција од сите нас во Владата дека ќе се реализираат. Кога сме заедно, работиме и ги реализираме. Нема проект што сме го ветиле и не сме го реализирале. Треба да подготвиме нова програма и таа ќе зависи од победата во нашите општини бидејќи ќе бидеме посветени да ги реализираме сите проекти од Липково до Струга. Сакам искрено да ве замолам сите да се мобилизирате што е можно повеќе, за да го направите Бесник нов градоначалник во првиот круг, бидејќи општина Боговиње мора да има сериозна личност и да ја има поддршката на Владата за реализација на проектите. Ние сме гарација на успехот и не можеме општината Боговиње да ја оставиме на судбината на авантуристи кои не знаат како да се справат со тоа и бараат помош од Владат – изјави Груби.

Кандидатот на ДУИ за градоначалник на Боговиње, Бесник Емшиу рече дека ќе се залага за подобрување на бизнис климата и подобар живот за граѓаните. Тој истакна и дека ќе се фокусира на повеќе области како што е планинскиот туризам затоа што регионот нуди таков потенцијал.

Ќе изградиме модерна и развиена општина, транспарентна и одговорна, како и населени места со еднаков развој. Ќе бидеме посветени на подобрување на деловната клима, која обезбедува заштита на инвеститорите, строга имплементација на договорите, олеснување на процедурите за дозволи, регистрација и поволни деловни услови. Ќе продолжиме со витални проекти како што се проекти за канализација за сите населени места во општината, проекти за вода за пиење, зголемување на количината на вода за пиење во сите населени места во општината, подобрување на патната инфраструктура, уредување на речните корита и особено регулирање на корито на реката во Боговиње од мостот до автопатот М-4. Покрај многуте предвидени проекти, ќе бидеме посветени на соработка со соседните општини и реализација на прекуграничните проекти со Република Косово и Албанија – изјави Емшиу.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.