Не е точно дека ВМРО-ДПМНЕ барале избори на 15 јули, реагираат од партијата на денешните изјави на потпретседателот на ДУИ Артан Груби.
Нема да навлегуваме и да им даваме значење на вакви неточни изјави, но она што е точно е дека ДУИ посакува избори на 5 јули, а не во средината или на крајот од месецот, бидејќи стравува од волјата на албанската дијаспора, која масовно се враќа во Македонија во тој непосакуван период за ДУИ. ВМРО-ДПМНЕ од почетокот има јасевн став, дека е потребно да се заштити здравјето на граѓаните и да се обезбедат минимум услови за фер и демократски изборен провес со квалитетен мониторинг, брифираат од ВМРО-ДПМНЕ.
Во вечерашното гостување на ТВ 24 Груби рече дека ставот на ВМРО-ДПМНЕ бил за 15јули, а 5 јули е компромисното решение кое го нуди ДУИ.
Тој додава дека можни се промени на Изборниот законик, со што би можело да се гласа неколку дена.
Еден ден би гласале пензионерите, еден ден тие што се во изолација, а останатите во третиот ден е едно од можните решенија, донесени со уредба, вели Груби.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.