Демократксата унија за интеграција вчера најави нова активност за грижа на старите, загрозените и изолираните лица по нивните домови, како помош во справувањето со КОВИД – 19.

Како што најавуваат, 10.000 активисти ќе се распределат низ целата земја и ќе им помагаат на оние кои ќе бараат помош на телефонската линија која ја отвори партијата. Отворена е и паралелна телефонска линија за помош, иако одамна постојат официјални броеви на кои државата нуди помош.

 

Додека сме во исчекување на започнувањето на кампањата за парламентарните избори, ДУИ одлучи над 10 илјади свои активисти да ги стави на располагање на граѓаните со потреба. Волонтерите од #Kujdesemi ќе се распределат во секој дел на РСМ за да им помагаат на постарите, или оние кои одлучиле да седат дома, најави Бујар Османи од ДУИ.

Но, застрашуваки е фактот што на овој начин ДУИ создава паралелен систем за превентива. Дополнително, јавноста реагира и на фактот дека тие 10.000 активисти не се стручњаци како оние од Кризниот штаб на Владата или Црвениот Крст, туку партиски активисти кои повеќе ризикуваат да го шират вирусот доколку ја реализираат домашната посета, во случај да се бара навистина помош од истите.

Скандалот е уште поголем што ваква опасна активност се најавува токму од поранешен министер за здравство.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.