Членовите на Централното претседателство на ДУИ на вечерашната седница во партиското седиште во тетовска Мала Речица едногласно донеле одлука партијата да оди со свој кандидат на претстојните претседателски избори, информираше портпаролот на ДУИ, Бујар Османи.
Оценувајќи дека не случајно претседателските избори биле првата точка на состанокот на претседателството, како најургентни, Османи дополни:
Претседателството едногласно одлучи на овие избори ДУИ да оди со свој кандидат, но даде можност доколку наредните денови се создадат услови за соработка со други политички партии за наредните избори претседателот на партијата да разговара со албанските политички партии или со партиите на други етнички заедници по концептот консензуален кандидат.
Тој посочи дека ова било првата точка на вечерашната седница на Претседателството, а како дополнение на оваа своја одлука ова партиско тело на ДУИ донело одлука да го овласти нивниот претседател Али Ахмети да разговара и со политичките партии на Албанците, но и со другите политички партии од другите етнички заедници за заеднички кандидат доколку се создадат услови за тоа.
Во останатиот тек од седницата Османи најави дека ќе се разговара за внатрешното организирање на партијата и за други актуелни теми за политичката состојба во земјата, за што јавноста дополнително ќе биде информирана.
Централното претседателство на ДУИ продолжува со состанокот, додаде Османи.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.