Независната кандидатура на Фатмир Лимани за градоначалник на Кичево и кандидатурата на Фатмир Дехари соподдршка на Ахмети и ДУИ ја доведуваат во опасност оваа општина да се врати во рацете на Македонците.

Тоа не треба да се дозволи. Ако мнозинството членови на потесното претседателство на ДУИ се на исто мислење како и лидерот Ахмети, тогаш тоа мислење треба да се почитува и да се поддржи кандидатурата на Дехари – вели Беџет Муслиу, директорот на информативната агенција на албански јазик „Журнал“.

 

Кичево ќе биде една од најжешките точки на локалните избори: за градоначалник ќе се натпреваруваат Фатмир Лимани, син на маченикот на народот Беќир Лимани, кој е и внук на Али Ахмети, со отворена поддршка од Муса Џафери, како и Фатмир Дехари, кој ја има поддршката на лидерот на ДУИ Али Ахмети – пишува Муслиу.

Независниот кандидат Фатмир Лимани одржа средба со граѓаните на Кичево и ја објави својата програма за следните четири години.

На оваа средба присуствувал членот на Централното претседателство на ДУИ, Муса Џафери, кој, според гласините во јавноста, ќе го поддржи Фатмир Лимани на локалните избори.

Кој го внесе Фатмир Лимани во игра, да се огласува со критика кон Али Ахмети, како и да објави независна кандидатура за градоначалник на Кичево? – директорот на „Журнал“ го поставува ова прашање.

Во јавноста, но и внатре во ДУИ, се зборува дека бунтот на Фатмир Лимани кон Али Ахмети е поттикнат од Муса Џафери – вели Муслиу.

Бунтот на Муса Џафери пак, според извори од ДУИ, уследил по именувањето на Артан Груби на некои функции внатре во партијата, како и во извршната власт, како и поради падот на тежината на Муса Џафери во ДУИ.

Муса Џафери знае точно кога и каде да се побуни, да се обиде да го стесни Али Ахмети во неговото родно место. Ова се случува сега со кандидатурата на Фатмир Лимани за претстојните локални избори.

 

Да не се дозволи опасноста општина Кичево повторно да прејде во рацете на Македонците. Муса Џафери и Фатмир Лимани треба да се сетат на жртвувањата на 100-те албански печалбари и на нивното доаѓање во Кичево, за да гласаат и да го поддржат Фатмир Дехари, како и за поддршката за Али Ахмети и ДУИ на изборите на 24 март 2017 година оваа општина да биде раководена од албански кандидат – вели Беџет Муслиу.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.