Врз основа на резултатите од последните парламентарни избори од минатата година, кога ДУИ имаше значителен број гласови во општините со мнозиство од другите етнички групи, од партијата ја разгледуваат идејата за настапување со свои кандидати во овие општини на претстојните локални избори во октомври, дознава „Слободен печат“ од партиски извори.

За општините со албанско мнозинство не се исклучува и можноста за соработка со некоја партија. Засега нема конкретна одлука, но како идеја се дискутира.

Универзитетскиот професор Башким Селмани смета дека тоа е добра идеја.

Не само врз основа на добиените гласови, туку и поради вработувањата што ги има направено е многу веројатно на следните локални избори ДУИ да се трка и во општините каде Албанците не се мнозиство. СДСМ целосната политичка конкуренција и победата ги базираше на албанскиот електорат – нагласува Селмани за „Слободен печат“.

На парламентарните избори на 15 јули 2020 година, ДУИ имаше на своите листи кандидати за пратеници и Македонци, како што беше случајот со активистката Мери Николовска. Во нејзината пратеничка група во моментов ДУИ има еден член на турската заедница, Исмаил Јаоски, додека оад редовите на оваа партија е и градоначалникот на Пласница, Алија Јаоски, кој е припадник на турската заедница.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.