ДУИ ќе остане со актуелните министри и заменици во техничката владата, потврдуваат од партијата за „360 степени“.
Ахмети и неговата партија нема обрвка да повлекува и назначува нови министри во владата бидејќи ресорите каде треба да се случат промени се раководени од кадар на СДСМ.
Ситуацијата за ДУИ беше иста и за предвремените парламентарни избори во 2016 година, кога земјава беше и во политичка криза, но тогаш интегративците решија да ги повлечат сите министри и заменици, по што назначија нови.
Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, во интервју за „Косовапрес“, изјави дека на претстојните избори очекува неговата партија да го зголеми бројот на добиени гласови. За останатите партии од албанскиот блок, пак, порача тој, подобро е да се обединат бидејќи не се потребни повеќе од две партии на Албанците за да не се цепкаат гласовите, а со тоа и да се губат пратенички места.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.