Демократската унија за интеграција (ДУИ) на централно претседателство на партијата, што ќе се одржи на 4 септември во Гостивар, ќе ги соопшти кандидатите за градоначалници во 18 општини каде за локалните избори партијата ќе има свои кандидати.
Вицепремиерот и висок партиски функционер, Артан Груби, изјави дека е убеден во апсолутна победа во 16 од општините, а очекува победа во втор круг во општини како Брвеница, Студеничани и евентуално и Чашка.
Нам не ни е потребна коалиција како што и е потребна на опозицијата уште од прв круг, да направат еден спој, на невозможното, помеѓу ВМРО-ДПМНЕ, Алијанса и Алтернатива. Но, сметам дека и тоа е добро за нив, го поздравуваме, ги поттикнуваме да соработуваат што е можно повеќе, затоа што само на тој начин, ќе успеат, некако да се доближат до ДУИ, но нема да успеат да ги добијат изборите, во сите тие општини – изјави Груби.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.