По повод 8 Септември – 30 годишнината од независноста на Република Македонија, Демократската Унија за Интеграција им честита на сите граѓани на нашата земја и смета дека еднаквоста и меѓусебното почитување се темел на заедничкиот пат кон нови предизвици и успеси како што е полноправното членство на земјата во Европската унија.
Демократската Унија за Интеграција смета дека земјата се соочи со многу предизвици во овие три децении, но постигна историски успеси и излезе посилна од секое соочување.
Демократската Унија за Интеграција, исто така, високо го цени пријателството со Соединетите Американски Држави и Европската унија, како и земјите-членки, повторувајќи дека успесите на нашата земја се заеднички со евро-американската заедница.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.